Британските миграциски служби ќе можат да ги прислушуваат телефоните на бегалците
Соработниците на британската власт по погранична контрола и миграција веќе имаат право да ги прислушуваат телефонските разговори на пристигнатите бегалци во земјата , а исто така имаат дозвола тајно да навлезат во нивните персонални компјутери, пишува „The Independent“, повикувајќи се на внатрешни документи од МВР на земјата.
Миграциските власти ги добиле новите надлежности уште во 2014 година, кога биле изгласани измени во соодветниот закон за полицијата.
Работниците од управувањето ќе можат „на легална основа“ да ги прислушуваат и домашните на бегалците, а исто така да ги следат и информациите на нивните електронски уреди.
Британското Министерство за внатрешни работи ги потврди податоците, велејќи дека новите мерки ќе овозможат „зголемување на контролата над безбедноста“.
Во Министерството исто така објавија дека полицијата ќе може да го прави тоа „единствено за истрага и спречување на сериозни злосторства“, кои и онака се поврзани со зголемениот миграциски тек.
