Британските бизнисмени се најоптимистични во Европа
Британските компании се најголеми оптимисти меѓу фирмите од развиените земји, пишува лондонски Телеграф. Показател за тоа е и фактот што британските компании, за разлика од конкуренцијата од САД, Франција, Јапонија и Германија, се подготвени активно да инвестираат.
Агенцијата Маркит го спровела своето тримесечно истражување меѓу деловните луѓе во цел свет кое покажало дека во третото тромесечие најоптимистични биле Британците бидејќи очекуваат нивните активности, приходи и темпо на раст на работа во наредните години да бидат високи.
Британските компании исто така се подготвени да вложуваат во повеќе и поголеми проекти. Бизнисот очекува брз раст на инвестициите, после повеќе години стагнација.
Во САД, подобрување на бизнис климата очекуваат 41 посто од компаниите, а во Германија, 29 отсто. Поголем оптимизам од Британците покажале само Бразилците, кои очекуваат економски бум во очи на Светското првенство во фудбал и Олимписките игри.
Слично
