Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИТАНСКИТЕ АВИОНИ ГИ ФРЛИЛЕ ПРВИТЕ БОМБИ НАД ЏИХАДИСТИТЕ: Погодено е нафтено поле на ИСИС

БРИТАНСКИТЕ АВИОНИ ГИ ФРЛИЛЕ ПРВИТЕ БОМБИ НАД ЏИХАДИСТИТЕ: Погодено е нафтено поле на ИСИС

Британските борбени авиони ги извршиле првите напади против „Исламска држава“ во Сирија, само неколку часа по усвоената одлука за спроведување на таква акција, соопштило британското министерство за одбрана.

Веднаш по гласањето, од аеродромот на Британското кралско воздухопловство (РАФ) во Алротирија во Кипар полетале четири авиони.

Како што пренесува Би-Би-Си, погодени се шест цели на едно нафтено поле на истокот од Сирија, кое е под контрола на „Исламска држава“.

Два од четирите авиони се вратиле во базата.

Аеродромот РАФ во Акриторија користен е повеќе од една година како база за полетување на авионите кои ги бомбардираат целите на „Исламска држава“ во Ирак.

Британските пратеници касно ноќеска со 397 гласови за и 223 против ја изгласале одлуката Лондон да започне воздушни напади против „Исламска држава“ и во Сирија, кој се одржувала повеќе од 10 часа во парламентот.

Слично

Поврзани вести