Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британскиот суд им забрани на научници да ги објават кодовите за палење на луксузните автомобили

Британскиот суд им забрани на научници да ги објават кодовите за палење на луксузните автомобили
Британскиот суд му забрани на информатички стручњак да објави научен труд кој би ги открил тајните кодови за палење на моторите на луксузните автомобили, како што се Порше, Ауди, Бентли и Ламборџини, сметајќи дека тоа би можело да доведе до кражба на милиони возила. Флавио Гарсија, од универзитетот во Бирмингем „го разбил“сигурносниот систем, така што го открил единствениот алгоритам кој на автомобилите им овозможува да го препознаат идентитетот на клучот за палење на моторот, пишува британскиот весник, Гардијан. Cо забраната во Велика Британија, завршено е само едно полувреме во случајот кој го покрена Фолксваген, сопственик на четирите луксузни автомобилски марки, против Гарсија и уште двајца холандски стручњаци за дешифрирање. Возилата се заштитени со составот Megamos Crypto, алгоритам кој го дешифрира кодот меѓу клучот и моторот. Научниците сакаа да го објават својот труд во август на симпозиумот за сигурност во Вашингтон, но судот привремено им го забрани. Фолксваген побара од авторите да објават преработена верзија на студиите без кодови, но тие го одбија таквиот предлог. Гарсија и неговите колеги велат дека „се одговорни научници кои работат одговорна научна работа и дека целта им е да ја подобрат сигурноста, а не да им помогнат на криминалците да крадат луксузни автомобили“.
Слично

Поврзани вести