Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британскиот сој забрзано се шири во Париз, лекарите стравуваат од „експлозија“ на заразата

Британскиот сој забрзано се шири во Париз, лекарите стравуваат од „експлозија“ на заразата

Варијанти на коронавирусот кои се позаразни се присутни во околината на градот Париз. 

Позаразниот вид на коронавирус, кој е првпат откриен во Велика Британија, сега сочинува 20 отсто од инфекциите во француската престолнина. 

Реми Саломон, претседател на медицинската комисија на Париските болници и јавна помош вели дека првите резултати од истражувањето во регионот на Париз, со кое се направи проценка за присуството на повеќе видови на коронавирусот во Франција „не се добри”. 

„На седми јануари бевме приближно околу шест отсто и минатата недела се искачивме на петнаесет до дваесет проценти. Тој ќе стане доминантен  во следните две до четири недели. И бидејќи е од 40 до 70 отсто позаразен, ќе дојде до забрзување на епидемијата ако не сториме значително повеќе. Тоа е она што нè плаши“, изјави Реми Саломон за Франсинфо.

Франција ги затвора границите за луѓето од земјите кои не се членки на Европската Унија. 

Премиерот Жан Кастекс најави построги ограничувања за патувања. Сепак, тој ги отфрли повиците за карантин. Франција има над 76.000 починати од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести