Британскиот парламент одлучува за напади врз ИСИС во Сирија
Британскиот Парламент ќе гласа денес дали Велика Британија да започне воздушни напади против Исламската држава во Сирија. Во пресрет на гласањето, неколку илјади луѓе протестираа во Лондон против плановите на премиерот Дејвид Камерон.
Демонстрантите маршираа во поворка прво крај парламентот, а потоа покрај централите на конзервативната и Лабуристичката партија.
Единствениот начин да се запре "Исламска држава" е да се намалат вашите патиштата за нејзиното финансирање и да ја спречите да се снабдува со оружје, сметаат учесниците во настанот.
Во саботата околу 5.000 лица се вклучија во протестот во Лондон против планот на Камерон.
Британските сили веќе вршат воздушни напади против "Исламска држава" во Ирак.
Пред претстојното гласање и протестите, британската полиција одржа антитерористичка вежба.
Полицијата во Лондон покажа подготвеност да реагира во случај на терористички акт во голем трговски центар.
Обуката се одржува секоја година и има за цел да ги задржи на високо ниво на подготвеност близу 2.000-те вработени во лондонската полиција.
Целта е исто така да се подигне чувството на безбедност во британското општество. Сега обуката е особено актуелна, по нападите во Париз и зголеменото ниво на терористичка опасност за цела Европа.
