Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британскиот МНР против мировни преговори иницирани од Русија: За тоа време ќе произведат муниција и ќе обучат војници

Британскиот МНР против мировни преговори иницирани од Русија: За тоа време ќе произведат муниција и ќе обучат војници

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клевери е против мировни преговори иницирани од рускиот претседател Владимир Путин.

Во интервју дадено за „Телеграф“ тој вели дека Путин би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на армијата и покренување на нови напади.

– Путин всушност само го користи прекинот на огнот за да обучи повеќе војници и да произведе повеќе муниција и да ги обнови и да ги вооружи своите оштетени вооружени сили, смета шефот на британската дипломатија.

Тој додаде дека треба да се биде внимателен ако обидот за мировни преговори дојде од Москва. Според Клевери ако Русите користат каква било пауза во борбите како покритие за повторно вооружување, може да се појават дополнителни проблеми.

– Тогаш ќе се случи повторно да ги видиме сцените на нови напади, но можеби за околу 12 до 18 месеци. Решението за ова мора да биде одржливо, мора да биде значајно, мора да биде реално. Она на што треба да внимаваме е паузата што Русија ја користи како начин да се осигура дека нејзината следна фаза на агресија е поефикасна од сегашната, истакна Клевери


Слично

Поврзани вести