Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британскиот министер Борис Џонсон остана без американско државјанство

Британскиот министер Борис Џонсон остана без американско државјанство

САД му го одзеле државјанството на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон роден во Њујорк. 

Тој е меѓу 5 411 луѓе кои го изгубиле американското државјанство во 2016 година, пишува „Политико“, цитирајќи податоци на даночните служби на САД.

Одлуката најверојатно е мотивирана со неплатени даноци.

Во 2014 година Џонсон оспорува даночна сметка за продажба на стан, кој го поседувал во Лондон.

Граѓаните на САД кои живеат во странство се обврзани да плаќаат даноци и во Америка.

Џонсон сепак престана да плаќа даноци таму во 2015 година.

Во 2016 година е забележан раст од 26% на лицата кои се откажале од американско државјанство, или им било одземено.

Слично

Поврзани вести