БРИТАНСКИОТ ГЕНЕРАЛ САНДЕРС-„ПОСТОИ МОЖНОСТ ЗА УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ВОЈНА НА ЕВРОПСКО ТЛО“: Искандери и калибри „удираат“ цели во Украина
Во Лондон, новиот
началник на Генералштабот на британската армија, генерал Патрик Сандерс, изјави
дека британските војници мора да се подготват за борбата во Европа.
– Сега имаме императив да создадеме армија која е подготвена да се бори рамо до рамо со нашите сојузници и да ја победи Русија во борбата – изјави генерал Сандерс, пренесува британски „Индипендент“.
- Ние сме генерација која мора да ја подготви армијата уште еднаш да се бори во Европа.
Неговата изјава доаѓа откако британскиот премиер Борис Џонсон ги предупредил своите сонародници дека мора да се подготват за долга војна во Украина.
Во текот на вокендов, крстосувачки ракети со долг дострел „калибар“ го погодиле командниот центар во областа Дњепропетровск, при што загинале украински генерали и офицери, меѓу кои и членови на Генералштабот, објавија руски извори. А од самопрогласената Луганска народна република стигна веста за предавање на војниците на националистичкиот баталјон Ајдар, заедно со нивните водачи во предградијата на Северодонецк. Се наведува и дека активистите скриени во фабриката „Азот“ сигнализирале дека се подготвени да продолжат со преговорите. Украинската армија се обидува да достави храна и муниција за „Азот“, а ситуацијата е комплицирана поради фактот што во фабриката има цивили кои според гувернерот на Луганската област Серхи Гајдаи одбиваат да се евакуираат иако им е „понудено многу пати".
Вчера руското Министерство за одбрана соопшти дека руските ракети „Искандер“ ја погодиле фабриката за поправка на тенкови во Харков, Украина. Министерството исто така соопшти дека уништило 10 хаубици и 20тина воени возила во украинскиот град Николаев, кои во последните 10 дена и биле испорачани на Украина од западните земји.
ФОТО: EPA