Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британскиот бизнис повторно е во стрес дд „Брегзит“: Островот може да остане без работници а преговорите се во ќорсокак

Британскиот бизнис повторно е во стрес дд „Брегзит“: Островот може да остане без работници а преговорите се во ќорсокак

Пет од најголемите британски бизнис организации испратија до министерот за Брегзит Дејвид Дејвис писмо со апел да биде договорен преоден период по излегувањето на Велика Британија од ЕУ, пренесе ББС. 

Во Владата се дискутира потребата од таков период, но меѓу министрите нема единство во однос на неговото траење.

 ЕУ од своја страна инсистира прво да биде постигнат напредок во исполнувањето на обврските на Лондон кон заедницата и дури потоа да се дискутира за идните односи. Од гледна точка на Брисел, уште не е постигнат таков напредок.

Во меѓувреме, владин официјален претставник на Велика Британија рече дека преговорите со ЕУ произвеле вистински резултати. 

Во британските деловни средини сепак се продлабочува впечаток дека преговорите меѓу Лондон и Брисел се во ќорсокак. 

„Една од главните пораки на компаниите кон двете земји е „направете нешто“. Тоа е реално, тоа е итно, постигнувањето на договор до крајот на годината ќе помогне да се зачуваат инвестициите и работните места.“ - коментира генералниот директор на Конфедерацијата на британската Индустрија Каролина Фербурн.

Слично

Поврзани вести