Двојно поголем песимизам за британскиот бизнис по Брегзит
Бројот на компаниите, песимисти за економијата во наредните 12 месеци, скокна до 49% во текот на неделата по референдумот.
Довербата во британскиот бизнис нагло се намали по гласањето за напуштање на Европската унија, покажува објавена студија за поддршка на ставот дека на економијата можеби и претстојат тешки времиња по историската одлука.
Процентот на компании песимисти беше 25 пред резултатот од гласањето, според истражувањето на YouGov) и Центарот за економски и бизнис истражувања (CEBR).
Скот Корф, директор во Истражувачкиот центар, тврди дека податоците се значителна шок реакција на Брегзит.
Додава дека и очекувањата за внатрешна продажба, извозот и инвестициите во следните 12 месеци се распадна.
Истражувањето опфатило 1.000 компании со седиште во Велика Британија. Околу 26% од испитаниците се песимисти за иднината на сопствениот бизнис во однос на 16% пред референдумот.
Довербата меѓу британските корисници исто така нагло се намали во текот на првите денови откако земјата одлучи да ја напушти ЕУ, забележаа порано YouGov и Центарот за економски и бизнис истражувања.
