Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британскиот банкарски сектор во центарот на нов скандал

Британскиот банкарски сектор во центарот на нов скандал
Откако власта во Велика Британија соопшти дека бритнаските банки ќе мора да платат казна од 1,5 милијарди евра, тие сега се соочуваат со нов скандал. Имено, британскиот проблематичен банкарски сектор се соочува со казна од 1,3 милијарди фунти (1,5 милијарди евра), на име на компензации за милиони клиенти на кои им е продадено осигурување за кредитни картички и полиси за заштита на идентитетот. Сопствениците на кредитните картички се принудени да платат од 30 до 80 фунти годишно за осигурување, наведува британската Управа за контрола и надзор на финансискиот сектор (FCA), пренесува агенцијата Франс прес. „FCA“ наведува дека договорила пакет компензации со издавачите на полиси „CPP“, како и со 13 банки и компании за картички. Седум милиони клиенти, кои купиле или обновиле околу 23 милиони полиси, наскоро ќе добијат писмо од „CPP“ со повеќе информации за процесот. Вкупните исплатени средства би можеле да достигнат 1,3 милијарди фунти, во зависност од видот на осигурувањето и времетраењето, додаваат од „FCA“. Проблематичните британски банки се уште се опоравуваат од низата скандали, вклучувајќи го местењето на лондонските меѓубанкарски каматни стапки, Либора, и спорната продажба на осигурувања кај трговските финансиски инструменти, на чие име банкарскиот сектор веќе исплати повеќе од 11 милијарди фунти како компензација на измаментите клиенти.  
Слично

Поврзани вести