Британски „Теско“ казнет со 300.000 фунти за лажна промоција на јагоди
Британската пензионерка Дафне Cмолман во 2011 година поднела тужба против трговскиот ланец Теско порадилажни промотивни цени на јагоди на кои оваа компанија заработила 2,32 милиони фунти. Две години подоцна, судот пресуди во корист на потрошувачите и му наложи на трговскиот ланец даплати отштета од 30.000 фунти.
Пензионерката, за жал, не го дочека крајот на судската постапка. Таа во јуни 2011 година во продавница на Теско купила 400 гр јагоди на акција „за пола цена“ за 1,9 фунти. Кога ги прашала продавачите дали јгодите некогаш биле продавани по цените кои биле прешкртани (2,9 и 3,9 фунти), не добила одговор. Две години подоцна, ова го чинело Теско многу скапо.
Cудот оценил дека трговскиот ланец го прекршил законот за заштита на потрошувачите, со кој се забранува продавачите да продаваат производи по промотивна цена подолг период од оној во кој се продавале по регуларна цена. Cудот утврдил дека дека продажбата била претставена така што можела да го заведе или излаже просечниот купувач да помисли дека робата е доста поволна.
Што всушност направил Теско? Трговскиот ланец „надуваната“ цена на јагодите од 3,9 фунти, и потоа од 2,9 фунти, ја држел првите недела дена, за потоа да ја намали и на купувачите да им ја претстави како „промотивна“. Всушност, токму таа цена од 1,9 фунти, која била претставена како намалена, била пазарна. На овој начин производот 14 недели го рекламирале како поволен и на купувачите им продале многу повеќе овошје со што оствариле профит од 2,32 милиони фунти.
Теско му се извини на судот и вети дека ќе направи се за да не се повтори овој случај.
Слично
