Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИТАНСКИ СЕКРЕТАР ЗА ЗДРАВСТВО: Вакцината на Оксфорд/АстраЗенека досега ја примиле 10 милиони луѓе во Британија, и сега не ја одбиваат

БРИТАНСКИ СЕКРЕТАР ЗА ЗДРАВСТВО: Вакцината на Оксфорд/АстраЗенека досега ја примиле 10 милиони луѓе во Британија, и сега не ја одбиваат

Секретарот за здравство на Обединетото Кралство Мет Хенкок се обиде да ја увери јавноста дека вакцината за коронавирус Оксфорд / АстраЗенека е безбедна откако некои европски нации ja запреа нејзинaта примена.

Тој рече дека „вакцината на Оксфорд / АстраЗенека е безбедна, знаеме дека над 10 милиони луѓе ја примиле во Британија, и тоа е она што го вели и британскиот регулатор, но и Светската здравствена организација, па дури и европскиот регулатор“.

„Ние постојано ги прегледуваме ефектите на овие вакцини и знаеме дека вакцината Оксфорд / АстраЗенека спасува животи во Велика Британија во моментов, па доколку добиете повик, примете ја вакцината“.

На прашањето дали има докази за луѓе кои ја одбиле вакцината Оксфорд / АстраЗенека по европските суспензии, Ханкок додаде: „Сè уште добиваме податоци за огромен број на луѓе вакцинирани секој ден и всушност бројките вчера беа едни од највисоките броеви што ги видовме“, рече секретарот за здравство на Британија.

Во земјава уште не се пристигнати вакцините.

Слично

Поврзани вести