Британски новинар го прозва Ѓоковиќ, но и Кирјиос:„Чудно што Новак не сакал да се вакцинира, Ник-каков губитник!“
Во текот на натпреварот многупати го нападна Кирјиос поради неговото однесување на теренот
Британскиот новинар Пирс Морган, кој е познат по многу лошиот однос кон Новак Ѓоковиќ, го гледаше финалето на Вимблдон и имаше замерки на општото однесување на српскиот ас, но го нападна и Ник Кирјиос.
Морган продолжи со негативниот наратив кон Ѓоковиќ и повторно праша зошто новостариот шампион на Вимблдон не сака да ја прими вакцината против корона вирусот.
- Не реков дека Новак мора да се вакцинира, но многу е чудно што не го направи тоа. Спортистите често се вакцинираат. Верувам дека луѓето како Ѓоковиќ имаат високо позитивно или негативно влијание врз масите кога се носат вакви одлуки. Нема дебата дека вакцината против Ковид е безбедна и спаси многу животи. Неговото однесување влијае на толпата и дали некој ќе го следи неговиот став – напиша Морган.
Во текот на натпреварот тој многупати го нападна Кирјиос поради неговото однесување на теренот.
- Каков губитник. Ме натера да навивам за Ѓоковиќ. Тој е голем ш**ак. Замислете човек постојано да пцуе на финалето на Вимблдон кон луѓето кои го поддржуваат, тимот и семејството – меѓу другото изјави Морган.foto: EPA
