БРИТАНСКИ НАУЧНИЦИ СО ОТКРИТИЕ: Вакцините не се совршени, после првата доза ретко се заразуваат стари и ранливи лица, а умираат многу мал број луѓе
Многу мал број, и тоа претежно постари пациенти со ковид-19 завршуваат во болница или умираат, иако ја примиле првата доза на вакцината Фајзер или АстраЗенека, но тоа не значи дека вакцините се неефикасни, објавија денес британските научници.
Тие презентираа податоци за подгрупа на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во Велика Британија и заклучија дека наодите покажуваат одредено ниво на „неуспех на вакцината“. Ова се случаи кога вакцинираните лица сè уште се заразуваат, но експертите велат дека тоа „не е неочекувано“, пренесува Танјуг.
Податоците од петокот покажаа дека меѓу нешто повеќе од 52.000 хоспитализирани пациенти со ковид-19, 526 биле вакцинирани со првата доза на АстраЗенека или Фајзер, најмалку три недели порано, а 113 од нив починале.
„Најмногу се случува во групата која е најмногу изложена на ризик од сериозни болести, односно кај постари лица. Овие луѓе се многу слаби“, рече Калум Семпл, професор по детско здравје и медицина на Универзитетот во Ливерпул, кој го водеше истражувањето.
„Не велиме дека вакцината не работи, но дека не е совршена“, додаде Семпл, пренесува порталот Индекс.
Научниците истакнаа дека „огромното мнозинство на случаи на инфекција, како и смртните случаи од ковид-19 по вакцинацијата, биле меѓу ранливи, стари лица“.
Извор. Политика.рс
