Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИТАНСКИ НАУЧНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ - деновиве ќе видиме повеќе нови случаи на мајмунски сипаници

БРИТАНСКИ НАУЧНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ - деновиве ќе видиме повеќе нови случаи на мајмунски сипаници

Опсегот и бројот на случаи ги збунија лекарите, кои прашуваат зошто вирусот се проширил на запад

Научниците предупредија дека очекуваат случаите на мајмунски сипаници да продолжат да растат оваа недела бидејќи здравствените власти откриваат повеќе заразени луѓе.

Повеќе од 90 случаи се веќе пријавени во Европа, САД и Австралија, вклучително и 20 во Британија.

Светската здравствена организација соопшти дека има уште 28 сомнителни случаи, покрај 92-те потврдени во 12 земји-членки кои не биле ендемични за вирусот. Глобалната бројка е без преседан за болест која вообичаено е ограничена на централна и западна Африка.

Мајмунските сипаници не се шират лесно меѓу луѓето, па лекарите се збунети од избувнувањето и од појавата на случаи на различни континенти во исто време. Вирусот се пренесува од човек на човек само преку близок физички контакт - вклучително и сексуален однос.

Симптомите се обично благи - главоболки, болки во мускулите и исцрпеност - но мајмунските сипаници предизвикуваат и кожни лезии кои можат да се инфицираат, што резултира со секундарни инфекции.

„Сигурна сум дека ќе видиме повеќе случаи“, рече Шарлот Хамер, експерт од Универзитетот Кембриџ за новите болести. „Прво, здравствените власти сега многу активно бараат случаи, така што поверојатно е да забележиме луѓе со благи верзии кои претходно можеби сме ги пропуштиле или погрешно ги дијагностицирале.

„Покрај тоа, мајмунските сипаници има период на инкубација помеѓу една и три недели, така што веројатно ќе видиме нови инфекции кај оние кои биле во ран контакт со првите случаи на епидемијата.

Мајмунските сипаници во минатото биле пронајдени надвор од Африка, но бројот и опсегот на случаи во сегашната епидемија е невообичаен.

„Во суштина, се соочуваме со две опции“, рече Хамер. „Или вирусот е инхерентно различен сега или можеби нашата подложност кон него е променета. Алтернативно, би можело само да наидовме на совршена бура од услови што дозволија вирусот да се шири на овој начин. Мислам дека второто сценарио е поверојатно“.

Една од можностите е дека ефектите од минатите масовни вакцини против сипаници да исчезнуваат, оставајќи помалку луѓе со заштита од тесно поврзаната мајмунска сипаница.

Сепак, професорот Кит Нил, од Универзитетот Нотингем, додаде: „Дали вирусот се промени? Па, всушност, се чини дека не е посмртоносен, иако нешто можеби влијаело на неговата преносливост. И не заборавајте дека ова е ДНК вирус и веројатно нема да мутира со стапките на РНК вирусите, вклучително и оние кои предизвикуваат Ковид или ХИВ. Генерално, не сум премногу загрижен“.

Извор: Гардијан

Слично

Поврзани вести