Британски министер тврди дека Путин може да ја промени стратегијата бидејќи војната во Украина не оди по планот
Според британскиот министер за одбрана Бен Волас, Русија не успева во многу области од војната во Украина.
Тој денеска изјави дека е можно рускиот претседател Владимир Путин повторно да ја промени стратегијата.
„Русите моментално трпат неуспеси на теренот во многу области… Плановите А, Б и В на Путин пропаднаа и можно е тој да се префрли на планот Г“, изјави Волас за телевизијата Скај њуз.
Со внатрешни соработници во украинските безбедносни служби и мрежа на инфилтрирани тајни агенти, Русија сметала дека ќе може да ја освои Украина и да ја смени власта на самиот почеток на воената агресија што започна на 24 февруари годинава. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Русија на почетокот целеше кон заземање на Киев, но потоа се откажа од оваа намера.
Слично
