Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британски министер се расплака бидејќи некои луѓе нема да се вратат од Авганистан

Британски министер се расплака бидејќи некои луѓе нема да се вратат од Авганистан

Британскиот министер за одбрана Бен Волас се расплака говорејќи за состојбата во Авганистан. Волас не успеа да ги задржи солзите. 

Тој изјави дека некои луѓе „нема да се вратат“ додека Британија пробува да ги евакуира авганистанските сојузници од Кабул, заедно со своите граѓани, со британските воени сили чија цел е да спасат повеќе од илјада луѓе дневно, пренесува Ел-Би-Си њуз.

Околу 4 илјади британски државјани и Авганистанци, кои се квалификувани за добивање на британски визи се наоѓаат во Кабул и потребно им е спас од земјата.

„Ние ќе направиме се што можеме додека третите земји ги процесираат тие луѓе“ изјави Волас.

Талибанските милитанти почнале да го собираат оружјето од цивилите во авганистанскиот главен град Кабул, објави Ројтерс повикувајќи се на талибански службеник. Талибанците се обидуваат да проектираат слика на ред и мир откако го презедоа Кабул, од централната влада подржана од западот. Нивните борци патролираат низ градот. 

Фото: EPA/WILL OLIVER

Слично

Поврзани вести