Британски истражувачи тврдат: Бомба била подметната во багаж пред полетување на рускиот авион
Британски истражувачи кои работат на утврдување на причините на падот на рускиот авион веруваат дека бомба била подметната во багажот пред да полета авионот.
Британската влада ги суспендираше сите летови во и од египетското летувалиште Шарм ел шеик пред два дена.
Одлуката е донесена откако дошле до заклучок дека несреќата нејверојатно е предизвикана од терористички акт.
Тие примиле разузнавачки податоци за комуникацијата помеѓу екстремиестите на Синајскиот полуостров.
Известувачот на Би-Би-Си Френк Гарднер изјавил, дека иако британски претставници не ја отфрлиле можноста авионот да паднал после техничка грешка, тие сметаат дека тоа е малку веројатни.
Истражувачи во британската разузнавачка служба се сомневаат дека некој имал пристап до багажниот простор и во авионот ставил експлозивна направа внатре во авионот на врвот на багажот пред самото полетување на авионот.
И британски Тајмс пишува дека врз основа на информации до кои дошле преку преслушување, американски и британски разузнавачи веруваат дека во авионот е вметната бомба.
Тонот и содржината на пораката ги убедил аналитичарите дека бомба во авионот внел патник или некој од аеродромскиот перосонал, наведува весникот.
