Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британски имам врбувал џихадисти – доби пет и пол години затвор

Британски имам врбувал џихадисти – доби пет и пол години затвор

Во Британија имам е осуден затоа што ја поддржувал групата „Исламска држава“.

Судот во Лондон го осуди радикалниот имам Анджем Чоудари на пет и пол години затвор поради повиците да се поддржува џихадистичката група „Исламска држава“, пренесува Франс прес.

Тој е 49-годишнен адвокат од пакистанско потекло и важи за значајна фигура во круговите на британскиот ислам. Во серијата видеа објавени на „Јутјуб“, тој повикуваше да се поддржи екстремистичката група, откако се заколна на верност на лидерот Абу Бакр ал Багдади. Тој е осомничен дека врбувал членови за терористички групи повеќе од две децении.

Слично

Поврзани вести