Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британската Влада ги засилува контролите за романските и бугарски имигранти

Британската Влада ги засилува контролите за романските и бугарски имигранти

Со нов пакет мерки Британската Влада подготвува ќе го контролира приливот на имигранти од Романија и Бугарија, откако на 1 јануари 2014 година ќе заврши седумгодишниот „преоден“ период за овие две балкански земји.

Со новите мерки за Бугарите и Романците се подготвуваат биометриски карти на кои ќе бидат основните биометриски податоци, како отисокот на палецот и показалецот, дигитална фотографија на лицето и електронски потпис. Вакви биометриски карти сега поседуваат лицата кои имаат постојано жителство во Велика Британија, но не се британски државјани. Покрај ваквите карти, Бугарите и Романците при секое влегување во Велика Британија на граничните премини и при пасошката контрола, ќе мора да даваат и отисок од палецот и показалецот за да се потврди нивниот идентитет.

Во британската јавност постои страв дека по симнувањето на досегашната забрана што во Велика Британија беше воведена пред крајот на 2006 година, за бугарските и романските државјани, уште пред тие да влезат во ЕУ ќе уследи нов наплив на источноевропски имигранти, сличен на оној со Полјаците, по мај 2004 година, кога оваа земја стана полноправна членка на ЕУ. Тогаш владата веруваше дека во земјата нема да влезат повеке од 15 илјади имигранти од Полска, но во првиот бран влегоаа неколку стотина илјади луѓе, а на крајот се тврди дека дошле дури еден милион Полјаци за да се населат во Велика Британија. Големиот наплив на источноевропски имигранти, а убедливо најмногу на Полјаци, предизвика криза во британските социјални фондови, како и проблеми при вработувањето, распределбата на социјални станови и јавните училишта.
Слично

Поврзани вести