Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британската економија со поголем раст од пред рецесијата

Британската економија со поголем раст од пред рецесијата
Економскиот раст на Велика Британија најверојатно ќе ги надмине своите достигнати вредности од пред рецесијата од 2009 година. Според прогнозите во извештајот на Британската стопанска комора, тоа ќе се случи во втората половина на 2014 година. Од бизнис лобито во земјата ги зголемуваат краткорочните предвидувања за БДП на земјата од 1,3 % на 1,4 % за 2013 година, како и од 2,2 % на 2,7 % за 2014 година. Потрошувачката на домаќинствата , што е две третини од британскиот БДП , ќе биде главен двигател на растот , според објавениот извештај . Но, нивото на личниот долг на населението , ќе ја намалува побарувачката во 2015 година. Извештајот на Британската стопанска комора е уште подобра вест за економијата на Островот , која изгледа е во поголем пораст во споредба со нејзините европски соседи. Фунтата регистрира некое покачување по оддржување на податоците , односно таа се разменува на ниво од 1.6400 , на позадината на нивоата на трговија од 1.6360 рано наутро .
Слично

Поврзани вести