Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британската економија почна да се придвижува нагоре

Британската економија почна да се придвижува нагоре
Растот на британската економија забрза во вториот квартал од годината, достигнувајќи 0,6 отсто во однос на претходниот квартал, покажуваат службените податоци објавени денеска. „Бруто домашниот производ (БДП) порасна во второто тромесечје за 0,6 отсто во споредба со првото тромесечје, кога стапката на раст изнесуваше 0,3 отсто“, соопшти Бирото за национална статистика (ONS). На годишно ниво, пак, британската економија во второто тромесечје порасна за 1,4 отсто. Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн ги поздрави овие податоци, утврдувајќи дека британската економија закрепнува, но предупреди дека патот е уште долг.
Слично

Поврзани вести