Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британската централна банка ја задржува рекордно ниската каматна стапка од 0,5 отсто

Британската централна банка ја задржува рекордно ниската каматна стапка од 0,5 отсто

Британската централна банка соопшти дека ја задржува клучната каматна стапка на 0,5 отсто, освен ако инфлацијата не излезе од контрола или се зголемат ризиците за финансиската стабилност.

Планира да ја задржи клучната каматна стапка на рекордно ниско ниво се додека стапката на невработеност не падне на седум отсто, што не се очекува во наредните три години.

Британската централна банка исто таа порача дека е подготвена да ги зголеми износите за откуп на државни обврзници, доколку на економијата и биде потребен нов поттик.

Ваквата најава претставува новост во работењето на Британската централна банка, на чие чело пред еден месец беше именуван Канаѓанецот Марк Керни, но е во согласност со новиот тренд меѓу централните банки во светот кои со објавувањето на своите наредни планови настојуваат да поттикнат силно закрепнување на економиите од неодамнешната криза.

Се проценува дека стапката на невработеност постепено ќе опаѓа од сегашното ниво од 7,8 отсто и дека во третиот квартал од 2016 година би можела да падне на 7,1 отсто.

Британската централна банка проценува дека економијата во тековното тромесечје ќе порасне за 0,6 проценти , исто како и во вториот квартал, а дека растот на брут домашниот производ ќе достигне годишна стапка од 2,6 отсто за две години.

Слично

Поврзани вести