Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британија за џихадистите ќе применува закон од Средниот век?

Британија за џихадистите ќе применува закон од Средниот век?
Велика Британија би можела да го врати на сила средновековниот закон од 1351 година и да ги суди за предавство своите граѓани доколку се приклучат на џихадистичката Исламска држава во Ирак и Сирија, смета британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд. Британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди дека Исламската држава, која зазеде големи делови од териториите на Ирак и Сирија, претставува голема закана за Велика Британија, а полицијата и разузнавачките служби тврдат дека околу 500 Британци, повеќето со потекло од муслимански доселеници, се борат на страната на џихадистите во Ирак и Сирија. Реалната бројка би моѓела да биде и поголема, а безбедносните служби се загрижени заради можноста тие кога ќе се вратат да започнат да изведуваат напади на британско тло. Хамонд вели дека секој британски граѓанин кој заминал да се бори за Исламската држава би можел да биде суден по Законот за предавство од 1351 година, усвоен за време на владеењето на кралот Едвард Трети. „Ги видовме изјавите на луѓето кои се обврзуваат на верност на т.н. Исламска држава. Тоа го поставува прашањето за нивната верност кон оваа земја и со тоа е извршено казнено дело предавство“, изјави Хамонд во Парламентот. Највисоката казна за предавство според британскиот акон е доживотен затвор, а до 1998 година беше смрт со бесење. Последната личност во Велика Британија обесена за предавство беше Вилијам Џојс, пропагатор на нацистичка Германија, кој водел радио емисии во корист на анцистите во Велика Британија, а бил погубен во 1946 година.    
Слично

Поврзани вести