Британија треба да продолжи сама, смета Трамп
Најизвесниот кандидат на Републиканската партија за претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп смета дека Британците на утрешниот референдум треба да го одберат излегувањето од Европската унија.
Трамп го спомнува „хаосот“ поради мигрантската криза во Европа.
„Кога ќе видите што се случува таму, склон сум да им кажам – продолжете сами“- рекол Трамп.Во петок, ден после референдумот, Трамп планира да оди во Шкотска каде што ќе присуствува на свеченото отварање на својот обновен голф терен во Тарнбери.
„Ќе бидам таму во моментот на соопштување на одлуката“- кажа тој.
Трамп е еден од ретките познати луѓе кој даде поддршка за излегувањето на Британија од Европската унија.
Слично
