БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?
Британската влада тајно ѝ испорачала десетици крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ во Украина уште пред Киев да ја добие дозволата од Белата куќа да ги користи ракетите за вели во Русија, тврди агенцијата „Блумберг“.
Според медиумот, првите испораки на проектилите биле извештени пред неколку недели. Киев искористи „Сторм Шедоу“ во регионот Курск.
Соговорниците на „Блумерг“ одбија да кажат кога и колку проектили точно пристигнале, алудирајќи на потребата да се чуваат такви податоци поради општата ситуација во врска со војната.
Се посочува дека Киев ги побарал ракетите кога останал без проектили со долг дострел.
Украина употреби ракети АТАКМС и „Сторм Шедоу“ веднаш откако доби зелено светло за напади на руска територија со американски и британски ракети со долг дострел.
Украина верува дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ги протера украинските војници од Курск, до 20 јануари кога новиот американски претседател Доналд Трамп ќе стапи на власт.
