Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИТАНИЈА-ПУТИН Е ОЧАЕН: „Неговата војска е готова, инвазијата на Украина е негов крај“

БРИТАНИЈА-ПУТИН Е ОЧАЕН: „Неговата војска е готова, инвазијата на Украина е негов крај“

Рускиот претседател Владимир Путин е потрошена сила во светот, без разлика како ќе заврши војната во Украина, оценува британскиот министер за одбрана Бен Валас, предвидувајќи дека инвазијата ќе биде крај на Путин.

Офанзивата на Русија во Украина, која Кремљ ја нарекува „специјална воена операција“, продолжува, но е забавена, велат од украинската војска и разузнавачка заедница додека луѓето бегаат од бомбардираните градови.

„Претседателот Путин е потрошена сила во светот и тој е готов, неговата војска е готова. Тој мора да си го признае тоа“, изјави Валас за радиото Тајмс. Британскиот министер, кој беше во Загреб на почетокот на февруари, смета дека инвазијата не оди според планот на Русија.

„Ова ќе биде крајот на Путин, како што треба“, рече Валас, додавајќи дека би било невозможно да се окупира таква нација и држава.

„Тој е одговорен за смртта на илјадници војници“

„Долгорочно, никој повеќе нема да ги прима неговите телефонски повици. Тој ја исцрпи својата војска, тој е одговорен за смртта на илјадници руски војници, за убиствата на невини луѓе. Ја редуцираше руската економија на нула. Мора да преземе одговорност за тоа“, заклучи британскиот министер.

ФОТО: EPA-EFE/ANDY RAIN

Слично

Поврзани вести