Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИТАНИЈА ОТВОРА НОВ ФРОНТ СО ЕУ: Лондон тргна во еднострана измена на пост-Брегзит статусот на Северна Ирска

БРИТАНИЈА ОТВОРА НОВ ФРОНТ СО ЕУ: Лондон тргна во еднострана измена на пост-Брегзит статусот на Северна Ирска

По неколкумесечна блокада, британската влада денеска презеде акција и му предложи на парламентот свој предлог-закон со кој се доведува во прашање статусот на Северна Ирска по Брегзит, со ризик од одмазда од ЕУ, која го смета текстот незаконски.

Додека ЕУ ѝ се заканува на британската влада дека ќе покрене судска постапка, сметајќи дека таа; иницијативата штети на „взаемната доверба“, Лондон оценува дека веќе не може да чека поради политичката парализа предизвикана од северноирскиот протокол во таа британска провинција.

Откако прво се закани дека едноставно ќе го заобиколи меѓународниот договор, за кој таа преговараше и потпиша, владата на премиерот Борис Џонсон одлучи да го преточи во закон и еднострано да го измени.

„Ние сме многу јасни во фактот дека постапуваме законски“, рече министерката за надворешни работи Лиз Трас на телевизија.

„Доколку законот биде усвоен, што може да потрае со месеци, тоа ќе стави крај на неподносливата ситуација за луѓето од Северна Ирска кои се третираат поинаку од остатокот од ОК, ќе ја заштити надмоќта на нашите судови и нашиот територијален интегритет“, рече Трас во изјава за „разумно решение“.

Таа повтори дека Лондон останува отворен за решение преку преговори, но под услов ЕУ да ја прифати промената на протоколот.

Протоколот има за цел да го заштити европскиот единствен пазар по Брегзит без враќање на физичката граница меѓу британската провинција Северна Ирска и земјата членка на ЕУ Ирска, што може да го загрози мирот во покраината.

За да се реши ова прашање, владата на Борис Џонсон прифати дека Северна Ирска де факто ќе остане на европскиот пазар со воспоставување на царинска граница во Ирското Море, со контроли и документација.

Протоколот ги отежнува набавките и ја ужаснува унионистичката заедница, која смета дека е загрозена положбата на покраината во рамките на Велика Британија.

Додека главната унионистичка партија ДУП неколку месеци го блокираше формирањето на локалната власт, владата во Лондон кон средината на мај објави дека сака да го усвои законот.

Конкретно, британската влада сака стоките што циркулираат и остануваат во ОК да минуваат низ „зелениот канал“, што ја ослободува од административни процедури. Стоката што треба да оди во ЕУ, би била предмет на сите проверки и контроли што се применуваат според европското право.

Премиерот Борис Џонсон рече дека главната заложба на неговата влада е Договорот од Велики петок, потпишан во 1998 година, стави крај на тридецениското насилство меѓу унионистите, главно протестанти и републиканци, главно католици, кога животот го загубија 3.500 луѓе.

Потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ, рече дека ЕУ ќе предложи решенија и изрази жалење за едностраната акција која ѝ штети на меѓусебната доверба.

Слично

Поврзани вести