Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британија одби, но земја од Латинска Америка му даде државјанство на Асанж

Британија одби, но земја од Латинска Америка му даде државјанство на Асанж

Откако британското Министерство за надворешни работи го одби барањето на основачот на сајтот „Викиликс“ Џулијан Асанж, да му даде дипломатски статус, Еквадор му додели државјанство. 

Асанж веќе пет години живее во азил во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Министерството за надворешни работи на Еквадор соопшти дека денеска функционерите одлучиле да му доделат државјанство на Асанж, додека не се пронајде начин за решавање на неговата ситуација.

Според информациите што се однесуваат на „сигурни извори“, Асанж исто така може да добие и пасош. Агенцијата Ројтерс открила регистрација на име „Џулијан Пол Асанж“ во граѓанскиот регистар на Еквадор, кој вклучува само Еквадорски граѓани. „Ел универсо“ пишува дека кога влегува овој број во даночната канцеларија на земјата излегува неговото име. Според публикацијата, бројот бил добиен на 21 декември 2017 година.

Асанж во 2012 година се засолни во амбасадата на Еквадор во Лондон и одбиваше да оди во Шведска на испитување во рамки на истрага за силување, затоа што верува дека Шведска ќе го екстрадира во САД, поради објавувањето на тајни војни документи околу војните во Ирак и Авганистан.

Еквадор го одобри барањето за политички азил. 

Асанж е роден во Австралија. 

Слично

Поврзани вести