Британија: Независна Шкотска ја очекува кипарскиот синдром
Британското министрство за финасии тврди дека Независна Шкотска би имала преголем во финансискиот сектор и тоа најверојатно би ја изложило на криза низ каква што сега минува Кипар.
Пред референдумот за независност на Шкотска од Велика Британија кој е предвиден за 2014 година, владата во Лондон ги анализира ефектите од независноста врз самата Шкотска којашто има пет милиони население. Министерството за финансии на Велика Британија тврди дека без британската регулаторна рамка Шкотска е изложена на можната криза, бидејќи финансискиот сектор повеќекратно го надминува стопанскиот.
-Независна Шкотска би имала извонредно голем банкарски систем во однос на големината на стопанството, со банкарска актива поголема од 1.20 отсто од шкотскиот бруто домашен производ (БДП), што тамошното стопанство би го направило ранливо“, се вели во еден дел од извештајот што го објави британското министерство за финансии. Целиот извештај треба да биде објавен во понеделник.
Шкотската национална партија (SNP), којашто се залага за независност на Шкотска, и отфрли наводите од извештајот и соопшти дека во вторник ќе го објави својот извештај кој ќе укаже на ползата од одвојувањето на земјата од Велика Британија.
-Независна Шкотска ќе биде економска успешна, тоа ќе го објасниме идната седмица, а бајките од министерството (за финансии на Велика Британија) не можат да ја сокријат вистината“, изјави шкотскиот министер за финансии, Џон Свини кој доаѓа од партијата SNP.
Слично
