Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИТАНИЈА НА НОЗЕ: Спречен напад врз премиерката Тереза Меј

БРИТАНИЈА НА НОЗЕ: Спречен напад врз премиерката Тереза Меј

Британските безбедносни сили спречија обиди за напад на премиерот Тереза ​​Меј, известува СкајЊуз. 

Според информациите станува збор за исламисти, кои планирале да активираат бомба на "Даунинг стрит", а во последователниот хаос да ја убијат премиерката со ножеви.

Операцијата за спречување на заговорот траела неколку недели, а во неа учествувале МИ-5, Скотланд Јард и полицијата. Две лица се уапсени - имале 20 и 21 година, кои се веќе обвинети за подготовка на терористички чин.

Индепендент го цитира извештајот на директорот на Ми-5 Ендрју Паркер, со кој во понеделникот и соопштил на владата за спречениот напад. Потоа, Паркер им соопштил на министрите дека минатата година биле спречени девет терористички напади.

Слично

Поврзани вести