Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИТАНИЈА НА МАКА: Се помалку сезонски работници, работодавците „во тесно“-кој ќе им работи по Брегзит за помалку пари?!

БРИТАНИЈА НА МАКА: Се помалку сезонски работници, работодавците „во тесно“-кој ќе им работи по Брегзит за помалку пари?!

Националниот земјоделски сојуз на Велика Британија забележува опаѓање за 17% на сезонските работници кои дошле да работат во британските фарми од почетокот на годината до крајот на мај. Неисполнети места биле 1500 од вкупно потребните 9411 работници во мај во земјоделството, информира Ројтерс.

За производство на меки плодови во земјата се потребни 29 илјади сезонски работници годишно, а речиси сите доаѓаат од источноевропските земји како Бугарија, Романија и Полска, потсетуваат агенциите.

Според зборовите на Лоренс Олинс, претседател на трговската асоцијација "Британски летни плодови", уделот на работниците, кои сега се во Велика Британија и сакаат да се вратат во иднина, е намален од 70% на 35%.

Британските фармери стравуваат од пожестокиот недостиг на имигрантски работници поради Брегзит, забележуваат агенциите.

Земјоделската компанија за одгледување на малини и капини W. B. Chambers & Son се потпира главно на сезонски работници од Источна Европа во последните 20 години. Оваа година, сепак на фирмата и било тешко да најде луѓе за почетокот на сезоната во јуни.

Многу работници се колебаат да дојдат да работат во Велика Британија, бидејќи британската фунта загуби од вредноста по одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ на референдумот минатата година.

Директорот на компанијата Тим Чемберс, заедно со партнер инвестираше оваа година во производство на малини во Полска, за да ги избегне евентуалните пречки за извоз на плодот од Велика Британија кон ЕУ кога Brexit стане реалност во 2019 година.

Ако недостигот на работна сила од странство се продлабочи и ги укине трошоците, тој е подготвен да префрли дополнителен дел од своето производство во Полска и дури може да продаде дел од семејното земјиште во Англија.

Ако немаме сигурна работна рака, ќе треба да се прилагодиме на големината на бизнисот и да се реструктуираме за да сме поефикасни во новата економска клима и да свртиме поглед кон производство во странство, вели тој.

Работодавците и во други сектори забележуваат дека гледаат знаци за понепривлечна Британија за странските работници кои често пополнуваат работни места, несакани од Британците, и се согласуваат да работат за помалку пари.

Вкупно 43% од работодавците во образованието и 49% во здравството велат дека вработените од други земји на ЕУ размислуваат да ја напуштат Велика Британија, според податоци на сертифицираниот институт за персонал и кадровски развој.

Владата соопшти дека ќе користи преоден период, за да се осигура дека работодавците нема да останат без вработени по излегувањето на Велика Британија од ЕУ, но засега нема јасни сигнали како планира да го оствари тоа.

Според претставник на секторот некои фармери планираат да нарачувата услуги зс производство во странство, а други целосно да ги прекинат дејностите, ако не може да вработат персонал.

Здружението "Британски меки плодови" забележува дека ако значителен број фармери се иселат надвор од Велика Британија, за да си обезбедат работна рака, тогаш британските потрошувачи ќе мора да плаќаат повеќе за произведените овошја во странство.

Слично

Поврзани вести