Британија ќе воведува пластични банкноти
По 300 години, Централната банка на Велика Британија ја разгледува можноста, хартиените банкноти да ги замени со пластични, од причина што, банкнотите од пластичен полимер „се почисти и потрајни, но даваат и можност за специјална безбедност, што би го оневозможило фалсификувањето“.
На овој начин би се продолжил и рокот на траење на банкнотите, од две колку што траат сега најупотребуваните банкнотите од пет фунти, на пет години.
Изминатите три години Британската централна банка ја истражуваше предноста на полимерите во однос на хартијата.
Сега се планира да се добие мислење од јавноста, а конечната одлука за воведување на пластичната банкнота се очекува да се донесе во октомври.
Првата полимерна банкнота од пет фунти со ликот на Винстон Черчил се очекува да се пушти во употреба во 2016 година, по што ќе се менуваат и банкнотите од 10 фунти.
Слично
