Британија ќе наметне нови даноци на странците
Британија може да наметне нови даноци на странците кои инвестираат во недвижен имот во земјата , како одговор на растечките цени на куќите во Лондон , соопшти денеска британскиот вицепремиер Ник Клег , пренесе Ројтерс.
Побарувачката од странските купувачи , особено од Азија и од еврозоната , предизвика загриженост од создавањето на станбен меур . Клег истакна дека Владата го разгледува прашањето пред министерот за финансии Џорџ Озборн да ги претстави пред парламентот обновените економски планови на 5 декември . Тој прецизира дека не е донесена одлука.
Секако треба да се осигура дека луѓето кои вложуваат огромни суми во централните лондонски места , плаќаат фер удел даноци при овие договори , изјави на прес-конференција Клег . Затоа бараме можности како различната примена на данокот на капитални добивки кај овој вид трансакции , посочи вицепремиерот .
Данокот на капитални добивки , кој Британците обично го плаќаат , е 28 проценти на секаков вид на добивка од продажба на имот кој не се смета за основно живеалиште . Странските инвеститори во недвижности не плаќаат таков данок. Според зборовите на Клег меѓутоа владата не сака да го поткопа статусот на Велика Британија на отворена економија . Тој истакна дека ќе биде лошо за земјата , ако владата " го дигне подвижниот мост " .
Со оглед дека изборите се по 18 месеци , зголемувањето на цените на куќите се нож со две острици за коалициските партнери Клег и премиерот Дејвид Камерон . Повисоките цени на куќите можат да ги натераат сопствениците на имот да се чувствуваат посигурни економски и да ја поттикнат економијата , но пак не се прифаќаат добро од луѓето кои се обидуваат да купат прв дом .
Слично
