Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британија ќе ја напушти ЕК поради Јункер ?

Британија ќе ја напушти ЕК поради Јункер ?

Британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди дека неговата земја би можела да ја напушти Европската унија, ако поранешниот премиер на Луксембург Жан-Клод Јункер, стане следнииoт претседател на Европската комисја, објави германскиот весник „Шпигл“.

Повикувајќи се на извори блиски до учесниците на самитот на лидери на ЕУ одржан во вторникот, германскиот весник пишува дека Камерон ја предупредил германската канцеларка Ангела Меркел, која го поддржува Јункер за местото шеф на Комисијата, пренесува Танјуг.

Камерон, како што наведува Шпигел, и рекол на Меркел дека поставувањето на Јункер на таа положба би ја дестабилизирало неговата влада до таа мерка, што би можело да доведе до референдум и напуштање на ЕУ, што најверојатно како резултат на одлуката на народот земјата би го напуштила блокот.

„Личност од 80-тите не може да ги решава проблемите во наредните пет години“, изјавил Камерон, според германскиот весник.

Агенцијата АФП оценува дека Камерон е прилично загрижен поради Јункер, европскиот федералист, од кога неговата партија доживеа голем пораз на европските избори од евроскептичниот британски пратеник Најџел Фериџ

Британскиот премиер веќе вети дека во 2017 година ќе се одржи референдум за членството на Велика Британија во ЕУ.

Меркел во петокот изјави дека Јункер ќе биде следниот претседател на Европската комисија кој ќе го наследи Жозе Мануел Баросо.

Ова беше најконкретниот изнесен став на Меркел досега за кадровските решенија на чело на ЕУ, а лидерите на ЕУ најавија дека со шансата за избор на нов претседател ќе ги земат во обзир резултатите на неодамна одржаните избори за Европскиот парламент.

Партијата на Јункер припаѓа на истиот блок на Европските народни партии во која е и Христијанско демократската унија на Ангела Меркел.

Слично

Поврзани вести