Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британија ќе биде првата земја која ќе издава исламски обврзници

Британија ќе биде првата земја која ќе издава исламски обврзници
Британскиот премиер, Дејвид Камерон, подоцна ќе објави дека Велика Британија ќе стане првата не-муслиманска држава којашто ќе издава исламски обврзници, јавува BBC. Во британското министерство за финансии, се надеваат дека уште од следната година ќе издадат исламски обврзници под називот „куку" во износ од 20 милиони фунти. Тие ќе бидат така структуирани што ќе носат фиксен поврат на материјална сопственост или услуги, нема да вклучуваат камати, во согласност со исламските финансиски принципи. Според оваа информација, на светскиот исламски економски форум, (WEIF), кој се одржува во британската престолнина Лондон, премиерот Дејвид Камерон ќе ги објави и плановите за воспоставување на новиот исламски кодекс на Лондонската брза. Целта на овие планови, секако, е да се привлечат исламските инвеститори преку појасни насоки за критериумите што следуваат при инвестирањата. Исламските прописи не дозволуваат наплатување на камата на деловни трансакции коишто мора да се засноваат на вистинска трговија или на деловни активности и не смеат да вклучуваат ништо што е забрането според шеријатското право, како што е коцкањето и алкохолот.
Слично

Поврзани вести