Британија ќе остане во Европската Унија под четири услови
Велика Британија се двоуми дали да остане во Европската Унија. Нејзиното понатамошно членство зависи од четири услови.
Пред се заштитата на единствениот пазар за земјата, почитување на конкурентноста, исклучување на Британија од сите, евентуални, натамошни поцврсти интеграции во Европската унија, како и намалување на бројот на бегалците кои сакаат да влезат во Унијата.
Премиерот на Британија Дејвид Камерон вели дека овие услови се клучни во одлуката на Британија дали да остане во Унијата.
„Силно сум убеден дека ќе постигнеме договор кој ќе функционира и за Британија и за нашите европски партенри и доколку, но и откако ќе го сториме тоа , како што истакнав пред три години, јас ќе ја предводам кампањата за останување на Британија внатре во реформираната Европска Унија. Но, ако не постигнеме таков договор и ако барањата на Британија наидат на глуво уво, тогаш ќе треба уште еднаш да размислиме дали Европската унија е вистинска за нас и како што претходно реков, ниедна опција не ја исклучувам”- изјави Камерон.
Тој рече дека ако на референдумот се изгласа дека заминуваат од ЕУ, тие тоа ќе го направат без дополнителни преговори или нов референдум.
„Затоа им порачувам на своите европски партнери со кои преговарам: ова ни е единствената шанса да го сториме тоа како што треба и за Британија и за целата Европска Унија”- истакна Камерон.
Референдумот би требало да се одржи кон крајот на 2017 година, иако не е прецизиран датумот.
