Британија ја одзеде лиценцата на Раша Тудеј поради пристрасно известување за војната
Британскиот медиумски регулатор ја одзеде лиценцата на рускиот радиодифузер Раша Тудеј поради истрагата за известувањето за војната во Украина.
Регулаторното тело Офком соопшти дека сметаат дека сопственикот на РТ „не е погоден“ да има лиценца во Велика Британија.
Одлуката беше донесена по започнувањето на 29 истраги за пристрасно известување, како и известување за актуелни настани на украинска територија.
„Заклучивме дека РТ не може да биде одговорен радиодифузер во сегашните околности. Затоа, Офком веднаш ја одзема дозволата за емитување на тој радиодифузер“, се додава во соопштението.
Слично
