Британија ја намали прогнозата за стопанскиот раст
Британија двојно ја намали прогнозата за стопанскиот раст за 2013 година, изјави министерот за финансии на таа земја Џорџ Озборн, претставувајќи го овогодишниот буџет.
Канцеларијата одговорна за буџетот очекува дека БДП оваа година ќе порасне за само 0,6 отсто, во однос на претходно очекуваните 1,2 отсто.
Прогнозата за економски раст за 2014 година исто така е намалена на 1,8 од 2 отсто, колку што е проценето во декември. Додека очекувањата за британскиот стопански раст за 2015, 2016 и 2017 година останаа непроменети, па во текот на тие три години се очекува раст од 2,3 отсто, 2,7 т.е. 2,8 проценти респ
Слично
