Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британија цели кон мексиканската нафта

Британија цели кон мексиканската нафта
Велика Британија верува дека „храбрите реформи во мексиканскиот енергетски сектор“ ќе им отворат можност на британските компании да вадат нафта од големите длабочини на океанот. „Храбрата реформа која мексиканскиот енергетски сектор ќе го отвори за странските инвеститори, отвора можност за британските компании да ја понудат својата стручност во вадење нафта од големите длабочини“, изјави вчера заменик премиерот на Британија, Ник Клег. Клег го посето Мексико со делегација од 40 деловни лидери од британскиот градежен и енергетски сектор, пренесува агенцијата АП. „Верувам дека нема многу места во светот каде реформите во енергетскиот сектор се толку значајни и храбри како овие кои ги покрена претседателот на Мексико, Енрике Пења Њето“, рече Клег пред новинарите во Мексико Сити. Мексичкиот Конгрес, во декември изгласа историски закон со кој, мексиканската нафтена и гасна индустрија се отвора за странски инвестиции, првпат откако е национализирана пред 75 години. Измената на Уставот е клучен дел од обемната програма на реформи кои ги покрена Пења Њето, иако за стапување на законот во сила, потребно е да го одобрат законодавците. Производството на нафта во Мексико драстично е намалена во последната деценија, а аналитичарите наведуваат дека на државниот монопол очајнички му е потребна помош за да бара нафта во големите длабочини, да изгради нови рафинерии и да вади гас од шкрилци.   А.А.
Слично

Поврзани вести