Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британија безбедна во новиот план за буџетот на ЕУ

Британија безбедна во новиот план за буџетот на ЕУ
Британија ќе ги зачува превилегиите, дозволи Европската унија и воедно ќе ја намали вкупна потрошувачка во 7-годишниот план за буџет, се вели во најновиот нацрт на буџет за периодот 2014-2020 година, јавуваат западни медиуми.

Предлогот кој го изнесе претседателот на ЕС, Херман Ван Ромпуј би можел да ја задоволи Британија и други влади кои сакаат да ограничат свој придонес во заедничкиот буџет во време кога ЕУ се обидува да постигне конечен договор пред самитот закажан за 22 и 23 ноември.

За намалувањето на буџетот се спротиставуваат државаи како Франција и поранешни комунистички држави од ЈИЕ во кои земјоделските субвенции играат значајна улога.

- Постоечкиот механизам за олеснувања за Британија ќе продолжи да се применува, се вели во нацртот кој синоќа им е испратен на владите во ЕУ.

Привилегиите за Германија, Холандија и Шведска исто така остануваат, додека Австрија ќе остане без олеснувања.

Предлогот предвидува дополнително намалување на буџетот за околу 27 милијарди евра. Британија, Шведска и Холандија бараат намалување од 100 до 200 милијарди.

Најголем дел од предложеното штедење - околу 17 милиајрди евра, треба да биде остварен со намалување на кохезиони фондови кои опфаќаат финансирање автопатишта и мостови, како и други инфраструктурни проекти во помалку развиените региони.

Франција долго за се заканува дека ќе блокира кој било план за намалување субвенции за земјоделците, додека Британија, Шведска и други сакаат средствата за земјоделие да бидат намалени, а да се зголемат финансирањата во истражување и проекти во енергетскиот сектор и да се покренат други мерки за економски раст.
Слично

Поврзани вести