Британија бара поостри банкарските прописи, Германија и Франција не сакаат да чујат
Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн побара од земјите членки на Европската унија да го следат примерот на Велика Британија и да ги заострат банкарските прописи.
Озборн, кој денеска заедно со германската канцеларка Ангела Меркел, учествуваше на средбата на германските бизнисмени и високи функционери од еврозоната во Берлин, повика на повторно разгледување на оваа идеја.
Велика Британија, една од земјите кои беа најпогодени од финансиската криза во 2007 и 2008 година и која во моментов има релативно благи прописи на тоа поле, сега работи на усвојување на нов закон, со кој би се одвоило работењето на банките со населението од ризичните активности на полето на инвестициското банкарство.
Ваквата идеја наиде на силен отпор кај Германија и Франција.
