Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британците во паника – не сакаат да го отворат пазарот на труд за Бугарите и Романците

Британците во паника – не сакаат да го отворат пазарот на труд за Бугарите и Романците
Повеќе од половина односно 64% од Британците сметаат дека Велика Британија треба да го преземе ризикот и да се спротивстави на Брисел во однос на отворањето на пазарот на труд за Бугарите и Романците, покажува истражувањето на британското издание Daily Mail. 82% од испитаниците во анкетата инсистираат Владата да ја продолжи забраната со која граѓани на Бугарија и Романија немаат слободен пристап до работни места во земјата . Од 1997 година наваму во Велика Британија влегле 2,5 милиони имигранти . Многу од Британците , сепак, се на мислење дека властите не ги информирале доволно добро за последиците , покажуваат податоците од истражувањето . На 1 јануари 2014 година паѓаат сите ограничувања за слободно движење на бугарски и романски работници во рамките на ЕУ . Во Велика Британија , сепак во последните месеци се зајакнува отпорот на општеството кон отворањето на пазарот на трудот . Владата се обиде да објасни дека одбивањето би станало причина за сериозни санкции од страна на Брисел. Општеството сепак очигледно е подготвено да го преземе ризикот . Само 5 % од испитаниците сметаат дека земјата треба да се согласи со барањата на европското законодавство. Главната загриженост е дека работниците од Бугарија и Романија ќе ги спречат младите Британци да најдат работа . Во моментов само претприемачи и нискообразовани работници за земјоделството наоѓаат добар прием на Островот , забележува уште Daily Mail. Освен за пазарот на трудот имигрантите ќе го стават под притисок и социјалниот систем , велат 85% од испитаниците . Тие стравуваат од притисок врз училиштата , болниците и пазарот на недвижности. Во оваа фаза нема конкретни податоци колку имигранти од Бугарија и Романија ќе побараат да работат во Велика Британија . Неофицијално се прогнозира дека ќе доаѓаат по 70 илјади лица годишно.
Слично

Поврзани вести