Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британците сокриле оптимистички извештај за миграцијата

Британците сокриле оптимистички извештај за миграцијата
Британската влада не објавила извештај, кој покажува дека негативните ефекти од имиграцијата се далеку помали од оние кои досега ги објавуваа властите, пишува британското издание The Guardian. Истражувањето беше побарано со цел да се потврдат податоци од претходниот извештај, според кој со доаѓањето на секои 100 имигранти во земјата, 23 Британци остануваат без работа. Според информациите на британските медиуми сепак необјавениот извештај навел дека ефектите од доаѓањето на странците на британскиот пазар на труд  не се така негативни. Според извори на ВВС, од Даунинг стрит одлучиле да не го објават овој втор извештај, кој е подготвен од 2013 година, за да избегне контроверзии во општеството. Од британската Влада сепак коментираат дека документот уште не е подготвен. Во последните месеци во Велика Британија се води сериозна кампања против имигрантите. Фокусот во овој момент е насочен кон Бугарите и Романците, за кои од почетокот на 2014 година паднаа сите ограничувања за работните пазари на земјите во Европската унија. Стравувањата се дека тие ќе ги  заземаат работните места на Британците. Статистиката покажува дека во текот на минатата година 87% или 367 илјади од новите работни места во Велика Британија биле зафатени од локалните жители. Во 2013 година биле создадени 425 илјади нови работни места. По информациите за скриениот извештај се засилува притисокот кон Владата да се објават овие податоци. Портпаролот на Владата, меѓутоа, изјави дека нема да го коментира внатрешниот проток на документи на Даунинг стрит. К.К.    
Слично

Поврзани вести