Британците посочија кој генерал е одговорен за смртта на Пригожин
Иако руските власти негираат дека се вмешани во уривањето на авионот на лидерот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин кое се случи деновиве близу Москва, британските разузнавачки служби имаат поинаква верзија на настаните.
Тие наводно го имаат главниот осомничен за авионската несреќа во Русија во која загина Пригожин. Велат дека зад несреќата стои генерал-мајор Андреј Аверјанов.
Авионската несреќа се случи во средата во областа Твер во Русија. Во авионот „Ембраер 600“ загинаа десет лица, меѓу кои и Дмитриј Уткин, еден од основачите на Вагнер.
Слично
