БРИТАНЦИТЕ БЛИСКУ ДО СПАС: Половина од нив веќе имаат антитела против коронавирусот
Половина од луѓето во Велика Британија сега имаат антитела против коронавирусот или преку инфекција или преку вакцинација, покажуваат тестовите спроведени од Заводот за национална статистика.
Според најновото истражување за инфекција со коронавирус, околу 54,7 отсто од популацијата во Англија би имале позитивен тест за антитела кон коронавирус од примерок од крв во неделата што завршува на 14 март 2021 година.
Во Велс, околу 50,5 отсто од популацијата би имале позитивни тестови за антитела кон коронавирус, додека бројката за Шкотска беше 42,6 отсто, а за Северна Ирска 49,3 отсто.
Студијата е спроведена врз основа на резултатите од тестот на крвта земени од случајно избран под-примерок на лица на возраст од 16 години и повеќе, кои се користат за тестирање на антитела против коронавирус. Тоа укажува на успех во програмата за вакцинирање во Велика Британија, со 30 милиони луѓе кои примиле барем една доза.
Анкетата за инфекција исто така откри варијација во позитивноста на антителата помеѓу регионите во Англија. Над 60 отсто од индивидуите на северо-запад имаат антитела за коронавирус, во споредба со 50,3 отсто на југо-исток.
Возраста е исто така фактор во зголемените антитела. Повеќе од 76 отсто од луѓето на возраст од 70 години и повеќе имаат позитивен тест за антитела во Велика Британија. Повисоките нивоа на антитела забележани кај постарите возрасни групи ја одразуваат високата стапка на вакцинација кај постарите луѓе.
Од оние на возраст од 80 години или постари, во Англија, 86 отсто биле позитивни на антитела на коронавирус.
Извор Гардијан
