Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИСЕЛСКИ МЕДИУМИ: Уапсен соучесникот на бомбашот од метро станицата

БРИСЕЛСКИ МЕДИУМИ: Уапсен соучесникот на бомбашот од метро станицата

Белгиската полиција уапсила лице осомничено за нападите на Брисел, кое наводно се гледа на снимките на безбедносните камери покрај бомбашот самоубиец Калид ел Бакруи кој се разнесе во метрото.

Белгискиот весник „Стандард“ ја пренесува веста за апсењето, пишувајќи дека истата ја потврдил федералниот обвинител.

Весникот пишува дека личноста, чие име не е објавено, е уапсена после претресите и апсењата кои се одвиваа синоќа во белгиската престолнина, а утрово по пребарување во шумата, е уапсено едно лице.

Белгиската полиција вчера уапси шест лица во рамки на истрагата за бомбашките напади во Брисел од пред два дена.

Слично

Поврзани вести