Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел во тревога, шест метро станици се затворени

Брисел во тревога, шест метро станици се затворени

Влезовите на шест метро станици во Брисел се затворени поради терористичка закана, пренесе ТАСС.

Движењето на патниците на овие станици се ограничува до минимален број влезно-излезни точки, а  движењето на возовите не е ограничено, посочуваат медиумите.

„Во врска со терористичката закана во неделата беа затворени дел од влезовите на шест централни станици на метрото. Транспортот продолжува да работи без одложувања"- соопшти белгиски телевизиски канал.

Последниве два дена белгиската полиција спровела генерална антитерористичка операција, за време на која беа направени претреси на 40 станови. При рациите се приведени 12 лица под сомнение за терористички активности.

Слична мерка беше преземена и во март, непосредно по нападите во белгиската престолнина. Властите повторно воведоа ограничување на пристапот до метрото поради информациите дека ќе има нови терористички напади во Белгија.

Слично

Поврзани вести